Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Убиени шест луѓе во воздушен напад на училиште на агенција на ОН во Газа

Најмалку шест лица загинаа кога училиште беше погодено за време на воздушни напади во бегалскиот камп Ал-Магази во Појасот Газа, соопштија Обединетите нации.

Во нападот се повредени десетици лица, а се смета дека бројот ќе се зголеми, се вели во соопштението на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).

– Ова е ужасно и повторно покажува флагрантно непочитување на животите на цивилите … Ниту едно место повеќе не е безбедно во Газа, дури ни објектите на УНРВА, се додава во соопштението.

УНРВА не обвинува ниту една страна, но вели дека нападот се случил за време на израелското бомбардирање на Појасот Газа.

– Најмалку 4.000 луѓе се засолниле во ова училиште на УНРВА. Тие немаа и се уште немаат каде да одат на друго место, истакнува Агенцијата на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот