Луѓе маршираат во Колумбија/ Фото EPA-EFE/Luis Eduardo Noriega A

Убиен еден од лидерите на ФАРК во Колумбија

Колумбиските безбедносни сили убија еден од водечките челници на дисидентите на ФАРК во операција во провинцијата Каука на југозападот на земјата, соопшти синоќа претседателот Иван Дуке.

Евклидес Еспана, попознат како Џониер, беше водач на дисидентската фракција на демобилизираните Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) предводени од Џентил Дуарте, која не го признава мировниот договор од 2016 година меѓу ФАРК и колумбиската влада.

Со Договорот бунтовничкото движење стана легална политичка партија, што доведе до драматично намалување на насилството, иако голем број вооружени групи продолжуваат да дејствуваат против владата, вклучително и дисиденти на ФАРК.

– Кој ќе направи злосторство ќе ја плати цената. Денеска, Џониер, симбол на злото на југозападна Колумбија и важен водач на дисидентите на ФАРК, е неутрализиран, рече Дуке во видео пораката, придружуван од министерот за одбрана Диего Молан и полициските и воените лидери.

Еспана имаше седум дисидентски групи ФАРК под своја команда кои припаѓаа на фракцијата предводена од Дуарте, соопшти колумбиската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот