Убиецот од Прага користел пушка од осум илјади евра за која имал дозвола

Полиција во Прага / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Момчето кое уби најмалку 14 луѓе во Прага имал користело многу скапа пушка, изјави поранешниот полициски инспектор и инструктор по стрелање, Павел Черни, за чешкиот медиум Актуалне.

„Според она што го видов, тоа беше долго оружје од типот АП-15, калибар 308 Винчестер. Значи, со релативно големи патрони. Тоа е луксузно и скапо оружје, кое чини околу 200 илјади круни (8 илјади евра)“, рече тој. „Тоа не е целосна реткост во Чешка, но е навистина скапо“, вели пензионираниот полициски потполковник.

Но, според Черни, не ви треба многу искуство за да ракувате со такво оружје кога пукате од непосредна близина. „Нему не му е потребна посебна обука за да пука кон луѓе на оваа далечина. Во Чешка, за оваа пушка е потребна дозвола за огнено оружје“.

Полицијата се уште официјално не потврдила дека убиецот во нападот го користел оружјето што се гледа на фотографиите. „Можам да замислам дека внатре во зградата пукал со пиштол, а не со оваа пушка. Ако се застрелал себеси, теоретски можело да биде пушка, но тоа би било малку уметнички подвиг“, вели инструкторот.

Полицијата потврди дека сторителот е легален сопственик на пиштол. „Откривме дека тој легално поседува неколку огнени оружја. Во неговото минато не е пронајдено ништо лошо“, рече претседателот на полицијата Мартин Вондрашек. Според достапните информации, убиецот се застрелал себеси, но само откако полицајците пукале во него.

Шефот на полицијата, исто така, рече дека полицијата пронашла „голем арсенал оружје и муниција“ во зградата на факулетот.

Нападот е најлошиот во историјата на Чешка. Во Ухерске Брод во 2008 година, напаѓач убил осум лица, а напаѓач од болница во Острава убил шест во 2019 година. Насилниците во Ухерске Брод и Острава пукале со пиштоли.

Кој е убиецот од Прага?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот