Убавата италијанска новинарка фатена во лага, сепак е во врска со директорот на Рома

epa08527686 Italian journalist Diletta Leotta prior the Italian Serie A soccer match between SS Lazio and AC Milan at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 04 July 2020. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Најатрактивната спортска новинарка, Дилета Леота, изминатава недела е главна тема во италијанските медиуми поради нејзиниот љубовен живот. Водителката која работи за ДАЗН и која е заштитно лице на Серија А, неодамна е видена во хотел со американскиот милијардер Рајан Фридкин кој е син на сопственикот на Рома.

Оваа вест изминатите денови беше главна вест во италијанските медиуми, а вчера Дилета се обрати преку социјалните мрежи и демантираше дека е во врска со Рајан Фридкин откако се раздели од турскиот актер Џан Јаман.
Сепак, денеска италијанските медиуми докажаа дека атрактивната новинарка лаже и објавија папарацо фотографија на која е уловена како разменува нежности со директорот на Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот