УБАВА ВЕСТ: Докторката Гордана Николиќ по 44 дена го победи Ковид 19

Втор негативен брис денеска добила анестезиологот од кумановската болница, доктор Гордана Николиќ. Таа беше дијагностицирана со коронавирус на 23 март, а вирусот го доби како резултат на контакт со пациентка која почина, а чии два бриса беа негативни а оној земен по смртта позитивен.

Доктор Николиќ за сето време остана во изолација, мораше да биде и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, постојано водеше борба со вирусот, но на крајот победи!

„Конечно успеав да се ослободам од вирусот Ковид 19 . Мора да биле во голем број вирусите , мора да биле лоши , затоа што ми ги нападнаа белите дробови, но за “cреќа ” успеав да поминам ” само со пневмонија.” Среќа во несреќа , затоа што вирусот е една голема непознаница и за оние кои го истражуваат. Сега ќе можам да излезам слободно да подишам чист воздух , затоа што не може на тераса да се пешачи, а е потребно за комплетно заздравување на белите дробови. Се исклучувам , одам малку во реалноста. Мојата КОВИД 19 приказна заврши драги мои фб пријатели .Ех да можев да одам на патување од 44 дена, опишувајќи ви места, градови, зајдисонца, планини, реки ,езера , мориња….а јас пишував за мојата долга борба со вирусот, борба со стравот од вирусот , за неговите симптоми, за мојата емоционална реакција на болеста. Но животот не е секогаш како во приказните. Пишував со цел, да добиете информации директно од некој кој заболел. Ниту на другите “среќници” што беа со лесни симптоми, не им беше лесно верувајте, исто го чувствуваа стравот, контактирав редовно со многу заболени. Можеби ние здравствените работници и повеќе се плашевме , затоа што знаеме нешто повеќе за вирусот. Благодарност до сите лекари , сестри и останати здравствени работници кои ми помогнаа во оваа борба. Благодарност до сите мои роднини, пријатели од реалностa кои ми праќаа храна и цвеќиња, на сите фб пријатели кои ме храбреа, а голем дел не ги познавам лично. Благодарам до моето пошироко семејство и особено на потесното, на сестра ми која го понесе најголемиот товар и на син ми ми кој беше и најсилниот мотив да се изборам во оваа битка. И како беше, здравиот човек има илјада желби, болниот само една, да оздрави. Чувајте се! Јас ќе правам список на желби.“, напиша д-р Николиќ на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот