УБ тема: Како Собранието да стане понезависно од централната власт?

„Ова што денеска се случува во Собранието е еден исчекор во нашата работа, затоа што интенцијата и на власта и на опозицијата беше да се донесе еден квалитетен закон за службата во Собранието“, изјави за Утрински брифинг на „Слободен печат“, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„При носењето на ваков закон мора да има комуникација и со извршната власт за да се дојде до заедничко решение. Во овој состав имавме такви разговори и мислам дека е направен значителен исчекор околу подобрување на независноста во Собранието. Станува збор за три работи. Првата е административна – независност на службата во Собранието, втората е финансиската независност и третата е околу обезбедувањето, безбедноста, особено по настаните од 27 април, односно како е тоа решено во сите развиени земји“, рече за Утрински брифинг на „Слободен печат“ Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Тој вели дека со оваа Влада многу брзо нашле решение, но дека имале дилеми околу функционалната анализа на административната служба, како таа треба да се движи и да биде во склоп со законот за административни службеници, но во исто време да биде независна.

Потписници на овој закон се и пратеници од опозицијата, сите пратенички групи и оние кои не се организирани во пратенички групи, односно станува збор за општ консензус во собранието при носењето на овој закон, додаде Митревски.

„Ова што денеска се случува во Собранието е еден исчекор во нашата работа, затоа што интенцијата и на власта и на опозицијата беше да се донесе еден квалитетен закон за службата во Собранието, затоа што пратениците се менливи и минливи, а администрацијата останува во Собранието. Сакавме да направиме еден закон кој ќе биде близок до европските практики и сметам дека со заеднички напор, на крај ќе донесеме еден закон кој што ќе биде основ за подигање на Собранието“, изјави за Утрински брифинг на „Слободен печат“, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во разговорите што се одвиваа повеќе беа вклучени партиите, а ние како понова пратеничка група немавме толку време да се посветиме. Ресурсите ни се ограничени“, изјави Нола Старова од независната пратеничка група.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот