Фото: Илустрација

Уапсени четворица разбојници кои со нож ограбувале деца во Градски парк

Уапсени четворица разбојници кои со нож ограбувале деца во Градскиот парк, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 11.04.2026 околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници“ соопшти МВР.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во ПС Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот