Уапсена мајка МОНСТРУМ: Го малтретирала бебето и му дувала дим од цигара! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тибриш Секстон во неделата е уапсена, откако неколку луѓе во полиција пријавија видео во кое се гледа како мајката го подига бебето во воздух, а потоа го фрла на креветот, пренесува Дејли мејл.

Со едната рака, мајката, пали цигара, со другата, пак, го држи бебето и директно му дува дим од цигарата.

Според судските документи, кога полицијата стигнала во нејзиниот стан, таа им кажала дека: „не го сакала е**нито бебе“.

Исто така, им рекла дека не е точно дека постапува кон бебето, онака како што им пренеле и им дозволила да го прегледаат бебето.

Полицаецот потврдил дека мирисала на алкохол и давала ирационални изјави. Во станот имало и неколку празни шишиња од алкохол. Таа е обвинета за тешко злоставување на детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот