Уапсен дански турист во Хрватска кој снимал голи деца со камера скриена во пенкало
Истарската полиција уапси 59-годишен дански државјанин под сомнение дека снимал голи деца со мини-камера во пенкало, со што извршил кривично дело експлоатација на деца за порнографија објавија хрватските медиуми.
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и утврдила сомневање дека 59-годишен дански државјанин извршил кривично дело за експлоатација на деца за порнографија. На 1 август, околу 18:50 часот, тој бил пронајден од страна на обезбедувањето во туристички објект во областа Ровињ, снимајќи голи деца со мини камера во пенкало.
Полициските службеници го уапсиле човекот и врз основа на налогот на надлежниот суд го пребарале објектот каде што престојувал и возилото што го користи, и го конфискувале неговиот лаптоп и USB стикови, на кои биле пронајдени инкриминирачки содржини.
По завршувањето на кривичната истрага, осомничениот бил одведен во притворската единица на полициската станица на Истра во петок вечерта.