Албанска полиција/Фото: Фејсбук

Уапсен е албански полицаец на косовско-српската граница, сакал да помине со милион непријавени евра

Полициски инспектор од полициската станица Камза од Албанија, со уште двајца Косовци, се уапсени на преминот „Мердаре“ при влез од Србија во Косово, со непријавени милион евра.

„Дирекцијата за професионални стандарди во државната полиција веднаш го суспендираше инспекторот Аурел Казиу, откако косовската страна извести дека тој вчера бил уапсен заедно со уште две лица, откако се обидел да прошверцува еден милион евра непријавени“, објави албанската Дирекција.

Како што пренесе „Топ чанел“, инспекторот Казиу и двајцата Косовци, идентификувани како Етник Ахмаџокај и Ардит Ласка, се во притвор, а се осомничени за кривично дело „перење пари“.

Комбето кое му припаѓало на Казиу било детално прегледано, а парите биле најдени скриени во специјално додаден простор на подот на возилото.

Косовските и албанските власти сè уште не се во можност да го утврдат потеклото на овие пари или нивната крајна дестинација, но се сомневаат дека тие припаѓаат на албанска криминална група, која избрала копнени патишта за да ги транспортира до Албанија и Косово, пишува „Топ чанел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот