Фото: ffm.mk

У21: Македонските фудбалери по вторпат ја совладаа Ерменија во квалификациите за ЕП

Денеска во својот осми натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, во Ереван македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година славеа со 2:0.

Тоа е само втора победа за нашите фудбалски надежи во овие квалификации, првата ја остваривме против истиот противник минатата година на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола тогаш со 2:1.

На денешниот дуел водевме со 1:0 по првото полувреме, погодокот беше дело на Ѓоргиевски од пенал во 45 минута.

Вториот гол беше реализиран во 75 минута кога стрелаше Љатифи, по асистенцијата на Хамза. Во самиот финиш од средбата кај домаќините поради втор жолт картон теренот предвреме го напушти Аветисјан.

Моментно Македонија е на претпоследното петто место со шест бодови, додека Ерменците се на последната шест позиција без ниту еден бод.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ ќе го завршат квалификацискиот циклус во октомври годинава кога најпрвин ќе ја пречекаат Црна Гора, а во последното коло ќе гостуваат кај Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот