Фото: ffm.mk

У16: Македонските фудбалски надежи загубија од Црна Гора на турнирот „Миљан Миљаниќ“

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години загуби на пенали од Црна Гора на воведниот натпревар од турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија. Двете селекции одиграа 2:2 во регуларниот дел, а противникот се радуваше на победа по изведувањето пенали (2:4).

Нашата надежна репрезентација уште во првата минута имаше одлична шанса за отворање на резултатот. Велески не успеа да реализира ситуација „еден на еден“ со противничкиот голман. Во 15 минута повторно не искористивме стопроцентна можност за водство. Крстевски одлично го проигра Велески, но голманот на Црна Гора повторно беше поуспешен.

Во 19 минута Никола Вукоје донесе предност за Црна Гора, но само четири минути подоцна, Марин Крстевски по соло-акција израмни на 1:1. Во 51 минута Лука Вушуровиќ повторно ја доведе Црна Гора во водство, а Крстевски и Полимац пропуштија одлична можност за израмнување во 79. минута. Сепак, Михајло Павлов од пенал во 87 минута погоди за конечни 2:2.

Во пенал-серијата поуспешни беа фудбалерите на Црна Гора, кои славеа со 4:2.

Македонија У16: Илан Мехмети, Михајло Павлов, Матеја Масев, Амар Акики (од 74. Филип Ѓорѓиоски), Александар Полимац, Дардан Адеми (74. Ејсер Фетаи), Стефан Ристиќ (65. Огњен Јаков), Огњен Сивевски (85. Благојче Седлоски), Марин Крстевски, Илија Аксентиев, Адријан Велески (65. Боби Недановски). Селектор: Иљами Исеини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот