Творецот на популарниот стрип пронајден мртов во море: На телото имал гризнувања од ајкула

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Јапонскиот уметник Казуки Такахаши, авторот на популарната манга серијал „Yu-Gi-Oh!“ е пронајден мртов.

Јапонскиот манга уметник, имаше 60 години, а неговото безживотно тело беше пронајдено во средата наутро на брегот на градот Наго, Окинава. Такахаши носел опрема за нуркање.

Едно лице од брод што поминувал ја повикал јапонската поморска служба за да пријави тело што плови на 300 метри од брегот во близина на туристичкиот град Наго.

Крајбрежната стража ги истражува причините за смртта, јавуваат јапонските медиуми.


Такахаши патувал сам за Окинава, а компанијата за изнајмување автомобили контактирала со полицијата во средата навечер, велејќи дека не можат да стапат во контакт со него, што ја навело крајбрежната стража да се посомнева дека пронајденото тело е негово.

Властите соопштија дека тој имал повреди на стомакот и долниот дел од телото, кои се чини дека биле предизвикани од каснувања од ајкула или други морски суштества.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Делата на Такахаши се многу популарни во Јапонија и во странство, а неговата манга е претворена во телевизиски серии, филмови и игри со карти.

Својата цртачка кариера ја започнал во 1982 година со стрипот „Токио но Така“. Неколку години подоцна, во 1990 година, тој ја објавил мангата „Тененшоку Данџи Бурај“, која траела две години. Во 1996 година почнал да работи на својата најпозната комична и анимирана серија „Ју-ги-о!“.

Гинисовата книга на рекорди во 2011 година ја прогласила „Ју-ги-о!“ за најпродавана игра со карти во светот, со повеќе од 25,17 милијарди продадени комплети ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот