ТВ21: Градоначалникот на Студеничани сака да премине од ДПА во Алијанса

Предизборниот постер на Азем Садику од ДПА / фото: Фејсбук

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, кој функцијата ја освои како кандидат на ДПА, се очекува да прејде во Алијанса за Албанците, јавува ТВ 21, повикувајќи се на неофицијални информации.

Садику во телефонски разговор за телевизијата ниту ја потврдил, ниту ја демантирал информацијата. Тој вели дека без да разговара со неговата структура во Студеничани, не може да зборува за такво нешто.

Тој истакнал само дека АА многу му помогнала на локалните избори. Извори од Алијанса за ТВ21 велат дека се во преговори и оти во рок од два-три дена ова прашање ќе биде затворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот