Тутунарите револтирани: Откупувачите нè излажаа, бараме средба со министерот за утре или одиме на протести во среда

epa00630204 Macedonian tobacco producers protest burning tobacco in front of Macedonian governament building in Skopje on Friday 03 February 2006. Macedonian tobacco producers protest because of the low purchase price of the tobacco and the low standard of living. EPA/GEORGI LICOVSKI

Средба со министерот за земјоделство – утре, а не во петок, бараат тутунарите кои денеска, по отворањето на пунктовите, повторно констатирале, како што велат, нереална проценка на родот и непочитување на договореното од страна на откупувачите. Ако средбата не се реализира, во среда, најавија, ќе има протести.

– Откупувачите го излажаа министерот и целата јавност. Со тоа создадоа уште поголем револт и гнев кај тутунарите. Апелирам, тутунарите да не го даваат родот. Ќе одиме до крај. Бараме средба утре и со министерот за земјоделство да ги посетиме откупувачите. Ако не, ќе закажеме штрајк и в среда ќе има протести низ цела Македонија. Утре бараме да ни се дадат гаранции до крјаот на откупот, а не постојано да има ситуација „топло-ладно“. Линијата да биде иста на целата територија на Макеоднија. Отстапки да нема за ниту еден откупувач, ниту за едно откупно место. Доколку не добиеме такви гаранции, в среда ќе има протести низ цела Македонија. Имаме поддршка од оризопроизводителите, од лозарите, рече Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на групата македонски тутунари.

Според Мирчески, обиколката на терен покажа дека освен Тутунскиот комбинат, другите откупувачи не го почитуваат договореното. Освен што проценката не е реална, се земаат и само пет отсто од првата берба, иако законски обврската е 30 проценти.

– Договорот постигнат во петокот со откупувачите не се почитува и не се спроведува. Освен во градскиот откупен пункт на Тутунскиот комбинат-Прилеп каде има благо попуштање на линијата, другите откупувачи ја терааат истата ситуација. Сѐ што е договорено, излезе дека е лага, изјави Мирчески.

Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски потврдува дека проценката не е реална, ниту се почитува договореното.

– На терен работата не е како што се договоривме. Прво, сѐ уште се одбиваат нетутунски материјали, повеќе од договоренто, проценката повторно е нереална. Се зема само пет отсто првата берба, а законски е 30 проценти. Земаат на еден тон две кутии, другото, велат да се врати назад. Се слушнавме со министерот за земјоделство, бараме утре да дојде, да се појде во фирмите дирекно да преговараме. Доколку не сакаат, покрај што поверениците ќе стопираат и ќе пријавувата до второстепената комисија, ќе ги блокираме откупните компании, рече Стомнароски.

Од 23.000 тони тутун, досега се откупени само 1,6 насто. Во земјава од тутунот живеат околу 30 000 семејства. Инаку, утре 15 декември е крајниот законскиот рок сите откупувачи да ги отворат пунктовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот