Турскиот Тофаш во Скопје славеше влез во групите на Лигата на шампионите

Тофаш излезе како победник на квалификацискиот турнир во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје/фото: kfsm.mk

На квалификацискиот турнир одржан во Скопје на последниот натпревар од квалификациите за место во групите на ФИБА Лигата на шампионите екипата на Тофаш во СЦ „Борис Трајковски“ со 82:78 славеше над Кемниц.

За турскиот состав Греј реализираше 26 поени (седум скокови), а за Германците Муни постигна 21 кош.

Редовната сезона на седмото издание на ФИБА Лигата на шампиони е финализирана. По завршувањето на квалификациските турнири ки се одржаа во Белград, Лисабон, Малага и Скопје, познати се и последните четири учесници на групната фаза од најквалитетното натпреварување на ФИБА.

Бакен Беарс, Бенфика, Уникаха и Тофаш, се четирите клуба кои излегоа како победници во квалификациите, и ги освоија посакуваните билети за место во редовната сезона 2022-23.

Во групната фаза ќе има девет актуелни шампиони на националните лиги, а клубовите-учеснички претставуваат 16 различни европски земји, вклучувајќи ја и Португалија, за првпат. Првото коло од групниот сегмент во новата сезона треба да започне на 3 октомври.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ ВО СЕЗОНАТА 2022/2023

Група А

Стразбур (ФРА)
Фалко Шомбатели (УНГ)
Мурсија (ШПА)
Тофаш (ТУР)

Група Б

АЕК (ГРЦ)
Пинар Каршијака (ТУР)
Телеком Бон (ГЕР)
Реџо Емилија (ИТА)

Група Ц

Хапоел Холон (ИЗР)
Остенде (БЕЛ)
Галатасарај (ТУР)
Легија Варшава (ПОЛ)

Група Д

ЕРА Нимбурк (ЧЕШ)
Игокеа (БИХ)
Билбао (ШПА)
Колеџ Бахчешехир (ТУР)

Група Е

Хапоел Ерусалим (ИЗР)
Лудвигсбург (ГЕР)
Дарушафака (ТУР)
Бакен Беарс (ДАН)

Група Ф

Манреса (ШПА)
Рига (ЛЕТ)
Лимож (ФРА)
Бенфика (ПОР)

Група Г

Дижон (ФРА)
Динамо Сасари (ИТА)
ПАОК (ГРЦ)
Уникаха (ШПА)

Група Х

Тенерифе (ШПА)
Ритас Вилнус (ЛИТ)
Перистери (ГРЦ)
Бнеи Херцлија (ИЗР)

Германскиот Кемниц пресилен за ТФТ во ФИБА Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот