Фото: Wikimedia commons / Francesco Bini

Туристка се качила на фонтаната на Нептун во Фиренца како дел од предизвик – направила штета од 5.000 евра

Туристка е обвинета откако наводно се искачила на колосална мермерна статуа на Нептун во Фиренца за да ги допре гениталиите како предсвадбен предизвик. Експертите откриваат дека жената предизвикала штета од илјадници евра на фонтаната на Нептун на Пјаца дела Сињорија, пишува „Гардијан“.

28-годишната туристка, чија националност не е откриена, била забележана од полицијата и брзо отстранета од споменикот. Таа им кажала дека нејзините пријатели ја предизвикале да ги допре гениталиите на Нептун, според соопштението од градскиот совет на Фиренца.

Експерти од советот го прегледаа споменикот и открија дека шегата предизвикала „мала, но значителна штета на нозете на коњите по кои газела и на фризот за кој се држела за да избегне лизгање“.

Градските власти ја проценија штетата на 5.000 евра (4.340 фунти). Полицијата ја обвини жената за оштетување на уметничко и архитектонско богатство.

Ова не е првпат турист да се обиде да се искачи на скулптурата на Нептун.

Создадена од скулпторот Бартоломео Аманати, фонатаната била нарачана од Козимо I де Медичи во 1559 година за да се прослави бракот на неговиот син, Франческо I де Медичи, со големата војвотка Јоана од Австрија. Во базенот има коњи кои влечат кочија во облик на школка во основата на статуата што го прикажува Нептун, римскиот бог на морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот