Туристичките работници и угостителите побараа продолжување на владината поддршка

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На средба со вицепремиерката за економија Мила Царовска угостителите и туристичките работници побараа продолжување на поддршката и за наредниот период.

Било истакнато дека овие неколку сектори, угостителите, туристичките работници и превозниците, трпат најголеми штети од КОВИД – пандемијата, но со навремено креирање мерки и протоколи од страна на Владата, останале ликвидни и кога не работеа.

– На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејности ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати. Угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста, од граѓаните, посебно од оние кои ќе ги користат платежните картички, стои во соопштението.

Владата на Република Северна Македонија обезбеди 555 милиони евра за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Дел од средствата беа за одржување на ликвидноста на компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот