Турција им ја подари победата на Американците во трилер завршница (ВИДЕО)

Денешниот кошаркарски ден на Светското првенство беше полн со изненадувања и неизвесни натпревари, прво Германија беше шокирана од Доминиканска република, потоа Бразил во трилер завршница ја изненади Грција, а натпреварите завршија со можеби најдобриот и најнеизвесниот дуел помеѓу САД и Турција.

Репрезентацијата на САД остана непоразена и по второто коло од Мундобаскет, но до победата дојде дури во продолжението од пет минути, притоа нанесувајќи и го најболниот пораз на Турција во последните години. Турците примија поени за израмнување на само 0.1 секунда до крајот, а во продолжението промашија неверојатни четири слободни фрлања во последни секунди од продолжението.

Кошаркарите на Турција во второто полувреме успеаја да надополнат негатива од дури 15 поени негатива и на десетина секунди до крајот дојдоа до водство од 81:79. Потоа Турчинот од Охрид Чеди Осман, го фаулира Џејсон Тејтум на само 0.1 секунда до крајот, а крилото на Бостон погоди две од три слободни фрлања.

Во продолжението, повторно подобро отворија турските кошаркари и со тројката на Махмутоглу дојдоа до предност од пет поени (89:84). Американците возвраќаат преку Кемба Вокер кој е прецизен во два напади, а по грешката на Илјасова, Тејтум прави пресврт и носи предност од 91:89 за САД на неполни две минути до крајот. Потоа следеше серија на промашувања за во последната минута Осман со два поени и дополнително слободно фрлање да ја врати Турција во предност од 91:92.

Во наредните неколку напади повторно грешат и двете репрезентации за по грешката на Тарнер да им биде досудена неспортска лична грешка на САД. Меѓутоа, турските кошаркари како да се исплашија од победата, Балбај ги промаши двете слободни фрлања, а на девет секунди до крајот,истото му се случи и на Осман. Тејтум беше успешен во скокот по промашеното слободно фрлање, а Тунчер направи прекршок врз Мидлтон кој на 2.1 секунди ги погоди двете слободни фрлања за 92:91, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Последниот шут на Илјасова беше непрецизен и САД дојде до втората победа, но со прикажаната игра не остави впечаток дека можат да ја одбранат титулата.
Крис Мидлтон со 15 поени беше најпрецизен кај САД, додека Кемба Вокер даде еден поен помалку. Во редовите на Турција, Ерсан Илјасова со 23 поени и 14 скокови беше најдобар, додека 18 поени постигна Мелих Махмутоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот