Турција го потпиша договорот за втората испорака на руски С-400

фото: Профимедиа

Со Турција е потпишан договор за испорака на втората серија од рускиот противракетен систем С-400, а двете страни во моментов преговараат за финансиските услови, потврди генералниот директор на руската компанија „Рособоронекспорт”, Александар Михајев, пренесува  Тасс.

Турција минатата година ја купи првата серија руски ракетни системи, што доведе до тоа Вашингтон да ја суспендира оваа земја од американската програма за борбени млазни авиони Ф-35.

Официјални претставници на САД велат дека Турција ризикува санкции од САД доколку го користат ракетниот систем С-400, пренесуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот