Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанците за аеродромот во Кабул

Аеродромот во Кабул по заминувањето на САД/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот Хамид Карзаи во Кабул и уште четири аеродроми во Авганистан, пишува Дејли Сабах. Турско-катарската делегација, која вчера пристигна во Кабул, постигнала начелен договор со авганистанската страна за управување со аеродромот Хамид Карзаи и четири други аеродроми во земјата.

„По разговорите за време на посетата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на Катар на 7 декември, беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу турски и катарски компании за урпавување со аеродромот преку рамноправно партнерство”, истакнаа изворите на агенцијата.

Постигнат е консензус за формирање меѓусебни технички тимови, со цел да се утврдат деталите и да продолжат преговорите преку техничките комитети во наредните денови.

„Во текот на следната недела ќе се одржат технички состаноци меѓу турско-катарската делегација од една страна и (привремената) авганистанска администрација од друга страна во врска со деталите на работа”, велат изворите.

Наведено е дека турско-катарската делегација, која ќе отпатува од Кабул за Доха, ќе продолжи да работи заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот