Турбо на граничниот премин „Јажинце“: Денеска уште поголема фреквенција на луѓе и возила
Граничниот премин „Јажинце“ и втор ден бележи драстично зголемување на фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата или влегуваат од Косово и покрај високите бројки на заболени од ковид-19. Во текот на изминатите 24 часа, по одлуката за влез и излез ПЦР тест, вкупно 3.065 лица ја минале границата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Вкупно 741 македонски државјанин на 12 октомври влегле на териротија на Република Северна Македонија, а 1.434 излегле од земјава. Во државата влегле и 554 странски државјани, додека излегле 336 лица со различни пасоши. Во текот на денешниот ден до 12 часот на македонска територија влегле 86 македонски државјани, додека излегле 387 лица. Од странци влегле 400 лица, а излегле 94, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин „Јажинце“.
Полициска станица за гранични проверки „Јажинце“ пред укинување на задолжителниот ПЦР тест бележеше само по 20-тина луѓе дневно кои ја минуваа границата со Косово.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
13мин
-
21мин
-
27мин
-
45мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


