Тупанчески номиниран за амбасадор во Белград, Жерновски за Букурешт

Никола Тупанчевски, министер за правда/Фото: МИА

Доскорешниот министер за правда, универзитетскиот професор Никола Тупанчески ќе биде новиот македонски амбасадор во Белград, дознаваме неофицијално од владини извори.

Тупанчески е само едно од новите „дипломатски” имиња кои биле номинирани за амбасадори на вчерашната владина седница. Според нашите информации, поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски ќе замине за Букурешт, а директорот на Државниот архив, Емил Крстески, е номиниран за амбасадор во Прага.

На листата се наоѓаат и неколку дипломати од кариера, кадар на МНР. Пајо Авировиќ треба да биде амбасадор во мисијата во ОБСЕ во Виена, Јасмин Ќахил во Варшава, а Игор Попов во Бразил.

За Стокхолм е номиниран Џенк Сејфула, Јакуп Реџепи за Сараево, Шпенд Садики за Тел Авив, а Катерина Ставревска за Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот