Tука ќе склучам брак, рече градоначалникот Богдановиќ по враќањето на вредниот мебел во старото Матично

Саша Богдановиќ, актуелен градоначалник на Општина Центар

Вредниот мебел изработен пред 70 години од врвниот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски, е реставриран и поставен во реновираниот објект на старо Матично во Општина Центар. Мебелот кој е изработени од дрво од орев и со специфична резба, со години беше заборавен и оставен да скапува во запуштениот објект во дворот на Општина Центар, пишува СДК.мк

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ истакна дека на младите центарци ова место ќе им понуди одлични услови, забава и едукација како и дека конечно ќе имаат простор кој ќе биде во нивна сопственост.

„Овој мебел нуди спомени на скопјани бидејќи голем број од нив тука го склучиле граѓанскиот брак. Успеавме да го реставрираме и заштитиме и сега тој ќе биде дел од новиот Младински центар. Ако граѓани сакаат тука да склучат брак мислам дека нема да има никаков проблем за тоа. Еве јас ќе бидам првиот кој тука ќе го склучи граѓанскиот брак“, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Во моментов главниот град нема репрезентативен објект за склучување на брак. Младенците се венчаваат во стара канцеларија во просториите на Управата за водење на матични книги.

На церемонијалното отварање присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, според него ова е доказ за градење на инклузивно општеството.

– Горд сум што првиот ваков центар е баш во срцето на градот, градот Скопје и тоа како интензивно ги подржува младите во нашиот град. Ние неколку пати до сега ги имаме зголемено буџетските средства со кои ги подржуваме нашите млади од областа на спортот, културата, ги подддржуваме добрите ученици со стипендии и тоа се вистинските политики кои ќе ја подобрат иднината. Сметам дека младите треба да се вклучат во ваквии центри затоа што нивните активности ни помагаат на нас кои што ги водиме институциите и во нашите перспективи, изјави градоначалникот Шилегов.

Матичното оди во историјата, на негово место ќе има Младински центар

На локација на која се наоѓаше некогашното матично, денеска беше отворен првиот Општински младински центар, кој симболично ќе го носи називот „Матично”. Новотворениот Младински ценатар ќе биде наменет за едукативни, културни и забавни настани за младите. Концерти, изложби, работилници, дебати и филмски проекции, ќе бидат само дел од предвидените активности во овој објект.

Реконструкцијата  опфати целосна промена на кровниот покривач со поставување термоизолација, целосна реконструкција на водоводната и електричната инсталација, промена на нова фасадна столарија со нови енергетско ефикасни прозори, како и поставување нови подови, ѕидни облоги, нови тоалети и ново осветлување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот