Трпела ужасни главоболки поради што вбризгала ботокс во вратот – Фановите брутално ја осудија Криси Тајген

Instagram

Некогашната манекенка и модел, Криси Тиген (34) е бремена по третпат, а во таа состојба има многу силни главоболки.

За тој проблем им се пожалила на своите обожаватели на социјалните мрежи и објаснила дека се одлучила за ботокс, за кој, како што се надева, би требало да го реши проблемот.

Самата процедура ѝ ја препорачал доктор, а пластичните хирурзи веќе некое време предлагаат решение за тешка мигрена во форма на нехируршки третман со ботокс. Станува збор за метода со стимулација на периферните нерви за оние кои се борат со хроничен проблем, како и во случаи кога вообичаената терапија не дава резултати.

Фото: Инстаграм

„Имам многу силни труднички главоболки, па воодушевена сум што ми одобрија користење на ботокс кај мускулите на вратот. Со недели бев исклучително лошо, но сега конечно ја гледам светлината на крајот на тунелот“, напишала Тиген.

Сепак, овој начин на решавање на проблемот на многу нејзини фанови не им звучел како добра идеја, па коментирале дека не станува збор за третман кој би можел да им се препорача на бремени жени. Некои дури ја осудиле дека е себична и дека повеќе мисли на себе си отколку на плодот кој го носи.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот