Трпе Стојановски: Да се градат механизми на заштита на политичарите од местенки

Професорот на Факултетот за безбедност Трпе Стојановски вели дека владата, кабинетот на премиерот но и другите државни институции треба да развијат механизми за заштита од ситуацијата во која се најде премиерот Зоран Заев кога руските пранкери објавија сминка од телефонски разговор во кој тој мисли дека разговара со украински претседател, Петро Порошенко и првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг.

-Има механизми како да се провери веродостојност на другата страна. Не гледам на ова како на некоја трагедија но укажува на потреба од поголема внимателност, одноно институциите треба да имаат стандарди и механизми со кои ќе превенираат некој да биде изложен на ризик да биде доведен во сутуација како што е оваа. Институциите треба да градат механизми, а политичарите да поминуваат низ обука – вели проферосот Стојановски.

Но дали овие механизми ќе се спроведат или не, објаснува тој зависи од стандардите на државата и безбедносната култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот