Хрватска полиција, фото: EPA/EFE / Antonio Bat

Тројца Македонци лепеле натписи на кирилица по знаци, табли и канти во Цавтат – хрватската полиција ги уапси

Тројца државјани на Македонија се уапсени и осомничени за кривичното дело „оштетување на туѓ имот“, кое го направиле минатата недела на подрачјето на Цавтат во Хрватска, соопшти локалната полиција, пренесува Н1.

По претходно добиени пријави, полицајци од граничната полициска станица Груда утврдиле дека на подрачјето на Цавтат со налепници од различни димензии, со содржина напишана на кирилица, биле облепени сообраќаен знак, патоказни табли, канти за отпад и информативен панел, до таа мера што ја изгубиле својата функција и намена.

Истиот ден кога полицијата ја примила пријавата биле пронајдени двајца државјани на Македонија, додека третиот осомничен бил пронајден следниот ден, односно во саботата, на 30 мај, на аеродромот.

Станува збор за млади луѓе на возраст од 23, 25 и 26 години, кои имаат дозвола за престој во Хрватска. Тие биле собрани во полициска станица на криминалистичка обработка, па им била пишана кривична пријава за наведеното дело, по што биле предадени во притворската единица на Дубровничко-неретванската полициска управа.

Македонски државјанин киднапирал старец во Хрватска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот