На годинашниот конкурс пристигнаа 46 романи

Трката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја продолжуваат 11 романи

Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција одбра 11 романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 46 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 22 наслова, а сега списокот го стесни на 11 романи.

Втората селекција на конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја поминаа: „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“; „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“; „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“; „Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“; „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“; „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“; „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“; „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“; „Три Марии (роман-басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис; „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“; и „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март, што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот