Трипуновски: Мора да се сноси одговорност за невршењето на контрола за храната која што ја консумираат граѓаните

Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно” на ТВ Алфа, побара одговорност за несериозноста од страна на надлежниот институции за невршење на контрола на храната која што ја консумираат граѓаните.

-Од договорите склучени помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство со Факултетот за ветеринарна, дојдовме до заклучок дека минатата 2019 година имало еден вакум простор односно повеќе од 5 месеци каде што Агенцијата немала договор со Факултетот за ветеринарна медицина, а тоа значи дека во тој период не се вршела никаква контрола на храната во Република Македонија. Јас тоа го обелоденив на прес конференција и побарав одговор и објаснување од страна на министерот, од страна на директорот бидејќи безбедноста на граѓаните и храната која што ја конзумираат треба да биде контролирана, а не во таков период да не знаеме што влегло во државата и што се конзумирало, вели Трипуновски.

Во однос на откупот на тутун на земјоделците, Трипуновски истакна дека тој постојано апелирал до инспекторатот дека проценката на тутунот е нереална и дека се прави манипулација со земјоделците, додавајќи дека во иднина ваквите неправди врз земјоделците ќе престанат бидејќи трудот и маката на земјоделците треба да биде вреднуван.

-Постојано апелирав дека има несериозен пристап на инспекторатот, дека проценката на тутунот не е реална, дека има манипулации, и тогаш бев обвинуван дека манипулирам со јавноста и дека тоа не е вистина. Но, еве на 29 февруари заврши откупот на тутунот, со констатација дека сериозно нереална проценка на истиот и пред неколку дена добив порака да се упатам до две населени места в Радовиш се со цел да се уверам дека им останале над 100 тона неоткупен тутун затоа што проценката е нереална и дека е потценет трудот. Јас ветувам дека ваквите неправди нема да се случуваат во иднина бидејќи сметам дека трудот и маката на земјоделците треба да биде вреднуван, нагласи Трипуновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот