Трифонов за одметнатите пратеници: Предавството е предавство, купени се со пари

Слави Трифонов/ Фото: МИА

Штотуку добив информација дека пратеници од Има таков народ ќе ја напуштат нашата пратеничка група и ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари. Ќе се види кој што ќе стане, реагира на Фејсбук лидерот на Има таков народ Слави Трифонов откако бугарските медиуми објавија дека 7 пратеници ќе му го свртат грбот, односно се против напуштање на владата на Кирил Петков.

„Не мора да бидам гатачка за да знам дека ќе кажат многу лаги и измислици во стилот на Кирил и Асен, само за да ги оправдаат своите постапки и да ја смират својата грижа на совест. Но, предавството е предавство и никој не ги сака предавниците. Дури и оние кои имаат корист од нив. На крајот на краиштата, можеби за мене моќта не е цел сама по себе, но за другите тоа е очигледно. Треба наутро да се погледнат во огледало. Тоа е живот. Вистината е дека се срамам од целата оваа приказна, но и олеснет. Затоа што во битка е подобро да имаш пријатели покрај рамо, отколку предавници“, напиша Трифонов.

Лидеротот на Има таков народ Слави Трифонов вчера во интервју за приватното радио „Дарик” рече дека ја напуштил владејачката коалиција поради Македонија, додавајќи дека е прекршен коалицискиот договор.

-Ја напуштам владата поради Македонија, изјави Трифонов по повеќе од еден час разговор, изразувајќи ја својата иритација поради ова прашање.

Како што објавија бугарските медиуми, седум бугарски пратеници од партијата Има таков народ (ИТН) го напуштаат лидерот Трифонов, но се уште немаат постигнато договор за соработка со движењето Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков. Дополнително ќе очекуваат понуди за партнерство.

Отцепените пратеници ги организирал министерот за спорт од ИТН, Радостин Василев кој, според бугарскиот медиум, е против напуштање на владата.

Генчовска и Николов го напуштаат кабинетот на Петков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот