Три тинејџерки во југот на Англија исчезнале: Полицијата на Инстаграм открила група во која договарале самоубиства

Фото: Архива

Британската полиција на социјалната мрежа Инстаграм открила група која ја формирале тинејџерки, за да договараат самоубиства.

Како што пренесува „BBC“, во групата имало 12 тинејџерки на возраст од 12 до 16 години, кои живеат на југот во Англија.

Постоењето на групата случајно било откриено кога три тинејџерки исчезнале. Тие биле пронајдени со сериозно нарушено здравје во Лондон.

Од канцеларијата на социјалната мрежа Инстаграм соопштиле дека не пронашле ништо незаконско и дека правилата не се прекршени.

Инстаграм користи вештачка интелигенција, т.н. посебни програми за откривање и блокирање пораки кои наведуваат на самоповредување.

„Социјалните мрежи многу го зголемија своето влијание меѓу тинејџерите, вклучувајќи ги и оние кои размислуваат за самоубиство или самоповредување. Тоа ескалира во сериозна криза“, се наведува во соопштението.

Надлежните органи трите исчезнати девојки ги лоцирале откако со воз пристигнале во Лондон. Една од нив во несвесна состојба била пронајдена на улица и итно била пренесена во болница. Набрзо биле пронајдени и останатите две тинејџерки кои откриле дека се запознале преку Инстаграм. На тој начин полицијата ја открила групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот