Три работи што никогаш не треба да ги правите пред интимен однос
Американската лекарка Џен Кодл предупредува на три работи што треба да се избегнуваат пред сексуален однос, бидејќи можат да предизвикаат сувост, иритација и проблеми со ерекцијата, пишува „Лед бајбл“.
Препорачано
Најпрво, таа предупредува на земање одредени антихистаминици пред секс. Објаснува дека лекови како Бенадрил и дифенхидрамин можат да предизвикаат несакана сувост на слузокожата.
„Не земајте антихистаминик пред секс, како Бенадрил, дифенхидрамин и слично. Зошто? Бидејќи можат да ги исушат вагиналните секрети“, вели таа, додавајќи дека природната навлажнетост е клучна за пријатен однос.
Таа истакнува дека антихистаминиците можат да предизвикаат сувост и на други делови од телото, вклучително и интимните региони.
Како втора проблематична навика го наведува бричењето на интимната зона непосредно пред однос.
„Кожата може да биде изгребана, испукана и иритирана, а триењето за време на сексот може дополнително да ја влоши состојбата. Затоа направете пауза меѓу бричењето и сексуалната активност“, објаснува таа.
Третиот совет се однесува на алкохолот, особено кај мажите. Лекарката посочува дека умерено количество може да помогне за опуштање, но претерувањето носи ризици.
„Секогаш препорачуваме алкохол во умерени количини. Понекогаш може да помогне да се опуштите, што е во ред. Но, премногу алкохол, особено кај мажите, може да ја наруши вашата изведба. Обидете се да избегнувате прекумерно пиење, нешто што и инаку треба да се избегнува во секојдневниот живот“, додава таа.
На крај, таа советува лицата со алергии кои користат антихистаминици да го испланираат односот така што лекот нема да го земаат непосредно пред секс, како и да не ја бричат интимната зона „до кожа“ непосредно пред однос.
Исто така, нагласува дека познавањето на сопствените граници во консумирањето алкохол може да биде клучно за зачувување на сексуалното задоволство кај двајцата партнери.


