„Три од три“ за Ѓоковиќ во Торино, го преслуша и Британецот Нори

Новак Ѓоковиќ знае кога точно го прочитал мејлот/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Без многу мака Новак Ѓоковиќ стигна и до третата победа во групната фаза откако го совлада Камерон Нори со резултат 2:0 на Завршниот мастерс во Торино.

Српскиот ас успеа за 67 минути игра во италијанскиот град да триумфира над Британецот убедливо со 6:2 и 6:1.

Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ без загубен сет влегува во полуфиналето, за него 10-то на завршните мастерс турнири.

Уште пред мечот со Нори, веќе се знаеше ривалот на Србинот, а тоа е германскиот натпреварувач Александар Зверев в сабота од 21.00 часот.

Претходно во првата полуфинална пресметка од 14.00 часот силите ќе ги одмерат Данил Медведев (Русија) и Каспер Руд (Норвешка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот