Три домашни растенија за почист воздух

Барете растенија за вашиот дом? Дали сакате да се ослободите од мирисот од цигарите и штетните честички во воздухот? Скопје е еден од најзагадените градови во светот. Со тоа се соочуваме штом ќе залади.

Но, постои начин како да го заштитите вашиот дом од ваквите штетни честички. Најдобар природен начин е да донесете нови билки во вашиот дом. Најголем избор на домашни растенија има сега, во топлите денови.

Сакаме да ги споделиме со вас најдобрите растенија кои ќе ви помогнат со токму овој проблем. Секако, ќе споделиме и трикови како да се грижите за нив. Погледнете ги свеќињата кои ќе ви го украсат вашиот дом и прочистат воздухот.

Ползавец или бршлен

Прочитајте и...  Стил на неделата: Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“

Ова растение е многу лесно за одржување. Познато е по тоа што ги прочистува сите штетни честички во воздухот. Може да го чувате во висечка саксија или било каква саксија. Ќе расте во должина и ќе се витка околу вашите скали или огради.

Ова цвеќе не сака многу вода. Не се вознемирувајте ако случајно заборавите да му ставите вода.

Еднаш неделно сипете вода во саксијата сѐ додека не почне да тече од дупчињата. Доколку е премногу топло, а го чувате растението надвор, проверете дали земјата е премногу сува. Доколку е, во тој случај ќе треба да ставите вода двапати неделно.

Ова растение сака сонце, но не мора да биде изложено на директна светлина. Прекрасно растение кое може да го чувате и внатре и надвор.

бршлен

Мирен лилјан или спатифилум (саксиска кала)

Прочитајте и...  Тридневна детоксикација - Исчистете го телото од наталожените отрови, а истовремено изгубете и неколку килограми

Овој лилјан не бара многу нега и светлина, но е одличен за прочистување на воздухот. Премногу е лесно за одржување, а изгледа прекрасно во секоја соба. Лисјата се постојано зелени, а цветовите секогаш цветаат.

Посипете ги со малку вода еднаш неделно за да бидат среќни и бујни. Кога ќе почнат да се појавуваат бели точки во светот, не се грижете. Тоа е полен. Доколку прашникот на цветот е преполн од полен, исечете го цветот од стебленцето. На негово место ново ќе порасне.

Доколку ви се појави бела површина на земјата во саксијата, тоа значи дека го полевате со многу вода. Изгребете го тој тел од земјата и сипете помалку вода.

кала

Фикус

Прочитајте и...  Таа беше прогласена за најубавата жена во светот, но фановите сепак сметаат дека имала мала помош: Бела Хадид повторно критикувана поради естетските зафати (ФОТО)

Фикусот е одличен за прочистување на воздухот. Многу луѓе често одбираат да чуваат Фикус бидејќи е многу лесен за одржување. Не бара премногу светлина, исто како Мирниот лилјан, а и не сака многу вода. Полевајте го со вода кога земјата во саксијата ќе биде сува.

Прекинете со полевањето веднаш штом ќе почне вода да тече од дупките во саксијата. Фикусот има бујни зелени лисја. Ова е богато растение совршено за во секој дом.

Кое е вашето омилено растение? Дали вие чувате билки за да ви го прочистат воздухот? Споделете ги вашите искуства со нас.

фикус

Прочитај повеќе

Боли глава од оваа сума: Погледнете за колку пари Кристијан Голубовиќ влегува во „Задруга“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Владо Георгиев наполни 44 години, а има само една желба која не се однесува на него! (ФОТО)

Васко Спасоски

Семјуел Л. Џексон го навреди Трамп: Невозможно е тој се*ко да е скриен во подрум!

Васко Спасоски

Луна пред татко ѝ ги покажа голите гради, а нему му падна доста непријатно (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Бикините на Памела Андерсон и стојат многу подобро отколку на 20 годишни девојки! (ФОТО)

Васко Спасоски

Таа беше прогласена за најубавата жена во светот, но фановите сепак сметаат дека имала мала помош: Бела Хадид повторно критикувана поради естетските зафати (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Деструктивната љубовна приказна на Жорж Санд и Фредерик Шопен, најголемата љубов на композиторот била неговата најголема рана

Слободен печат

Тридневна детоксикација – Исчистете го телото од наталожените отрови, а истовремено изгубете и неколку килограми

Слободен печат

Стил на неделата: Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“

Ј.К.Д

Уживајте во малку поинаков вкус – Солена дипломат торта

Слободен печат

Разговор со Стефанија Насеска, модна дизајнерка која шири љубов: Јавните личности треба да имаат повеќе доверба во дизајнерите

Јасмина Кантарџиева Димков

Алергичните да се чуваат од овие билки!

Слободен печат