Тргнуваат автобуси меѓу Тетово и Попова Шапка – цената е популарна, но има двојно помалку линии од лани
На релација Тетово-Попова Шапка, долга дваесетина километри, од сабота ќе може да се патува со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“.
Препорачано
Скијачката сезона во нашиот зимски центар започна пред неколку дена, а Општина Тетово информираше дека од викендов ќе може да се користат два термина за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 часот. Повратен билет ќе чини 200 денари.
„Од сабота (17 јануари) ќе биде пуштена во употреба автобуската линија Тетово-Попова Шапка и обратно. Оваа линија ќе функционира само за време на викендите. Ги повикуваме сите граѓани да го користат јавниот превоз и да придонесат кон намалување на сообраќајниот метеж и заштита на животната средина“, соопшти Општина Тетово.
За разлика од лани, кога имаше четири линии за патување кон скијачкиот центар, сега има само две. Претходната ски-сезона автобусите тргнувааа од 08:00, 10:00, 12:00 и 15:30 часот, а во градот се враќаа еден час подоцна од овие термини.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


