Третиот италијански репрезентативец во скандалот со обложување ќе помине без казна?

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Николо Фаџоли и Сандро Тонали ги добија суспензиите во скандалот со обложување, Фаџоли доби суспензија од седум, Тонали од десет месеци. Но, Николо Заниоло би можел да избегне било каква суспензија.

По завршувањето на истрагите за претходните двајца сега вниманието се насочува кон Заниоло кој исто така беше еден од фудбалерите за кој најмногу се пишуваше.

Заниоло вчера допатува во Италија за да даде исказ пред обвинителите и неговите адвокати во изјава за медиумите ставија до знаење дека случајот сега е поинаков од претходно.

„Николо одговори на сите прашања и јасно стави до знаење каква е неговата улога. Нема докази дека се обложувал на фудбалски натпревари. Призна дека играл покер и блекџек на нелегални платформи и тоа единственото прекршување на правилата од негова страна. Никогаш не навлегол подлабоко и не бил жртва на закани и заплашување, веруваме дека во најбрзо време случајот ќе биде затворен“, објавија адвокатите на фудбалерот.

Ќе потсетиме, Заниоло се обвинува за периодот додека го носеше дресот на Рома, а сега тој е член на Астон Вила во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот