Трети земји финансираат и поддржуваат партии, медиуми и поединци во земјава, вели премиерот

Премирот Димитар Ковачевски / Фото: Фејсбук

Евидентно е дека трети страни сакаат да извршат влијание врз Западен Балкан, бидејќи регионот се движи кон евроатлантска интеграција, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на претседателот Стево Пендаровски за руското влијание во регионот.

Според Ковачевски, тој и претседателот имаат исто ставови за ова прашање.

– Трети земји од различни причини имаат изградено инфарструктура во земјите од Западен Балкан, односно политички партии, медиуми и поединци финансирани и поддржани од трети земји – рече Ковачевски.

За борба против ова, додаде тој, треба редовно и транспарентно информирање на јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот