Трет пораз за МЗТ во АБА 2 лигата

Фото: КФСМ

„Металците“ имаа добар финиш, но тоа беше недоволно за успех против тимот од Суботица (81:86)

Македонскиот шампион ја продолжи летаргијата, немоќта на нашите претставници на турнирот во Широки. Загуби во дуелот со одличниот состав на Спартак од Суботица, за скор од пет порази и само една победа во двете одиграни кола во „балонот“ во овој град кој се наоѓа во во Херцег-Босна (БиХ).

Имаа свои минути кошаркарите на МЗТ Скопје. Но најдобрите дојдоа на крајот, кога веќе влегоа во голема негатива. Спартак одигра стабилно во најголем дел од натпреварот.

Му дозволи ја тимот од Аеродром да има некоја предност само во воведниот период, кога скопските „сино-бели“ поведоа со (18:12).

Но со серија од десет поени, Спартак успеа да го „сврти“ резултатот во својата корист. Поведе со (22:18), и таа предност практично не ја испушти до самиот крај на натпреварот, последен на собирот во Широки.

До полувремето, екипата од Суботица имаше водство од (42:37), а клучната разлика „гулабите“ од Суботица ја направија по одморот. Во третата четвртина се одвоија на двоцифрена позитива, во 30.минута таа изнесуваше (69:55). Се покажа како недоволна за најдобриот македонски клуб, кој по седум одиграни кола има ефект од четири победи и три порази.

Расел реализираше 16 поени. Војдан имаше 15, додека Баковиќ и Танасковиќ дополнија со 12 поени за нашиот претставник во регионалната лига во која четврттиот собир ќе биде следната година. Поточно од 29.јануари до 4.февруари, во Нови Сад, каде ќе се одиграат наредните три кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот