Стив Кер/EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Тренерот на Голден стејт е добитник на Оскар

Краткиот документарен филм „Сите празни соби“, чиј продуцент е тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, ја освои наградата Оскар за најдобар филм во својата категорија.

Со ова признание, познатиот стратег кој како тренер освои четири шампионски прстени во НБА, им се придружи на неколку славни кошаркари кои исто така се добитници на најпрестижната филмска награда, меѓу кои се Коби Брајант, Шекил О’Нил и неговиот играч од Вориорс, Стеф Кари.

Документарецот се занимава со чувствителна тема и најголемиот дел од приказната се одвива во спалните соби на деца кои биле убиени во училишни пукања во Соединетите Американски Држави.

По добивањето на наградата, Кер истакна дека очекува филмот да поттикне поголема свест за проблемот.

„Мислам дека колку повеќе луѓе го гледаат филмот, толку поголемо ќе биде неговото влијание. Најважно ми е луѓето да реагираат,  да бидат проактивни, да го разберат проблемот и да се вклучат во негово решавање. Се надевам дека кога подобро ќе се соочиме со оваа тема, ќе бидеме подготвени и да преземеме конкретни чекори“, порача Кер.

Да потсетиме, Коби Брајант во 2018 година освои Оскар за најдобар анимиран краток филм со „Драга кошарко“. Неколку години подоцна, во 2022 година, Шекил О’Нил и Стеф Кари ја добија истата награда како извршни продуценти на документарниот краток филм „Кралицата на кошарката“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот