Тренчовски: Зрињски е подобар тим од нас

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски го призна поразот од поквалитетниот ривал на европското деби на екипата. Според стратегот на „Пандевци“, голем удел во поразот од 0:3 од Зрињски, има слабата физичка подготвеност но и неговиот погрешен избор.

– Одигравме навистина лош натпревар во кој бевме инфериорни на физички план. Примивме многу брзо погодок и потоа едноставно беше тешко да се вратиме во игра. Но, мора да се истакне дека за сите нас, вклучувајќи ме и мене, ова е едно ново искуство. Дел од вината за ваков пораз припишувам и на мене затоа што можеби, погрешив околу изборот на првите 11. Моите играчи беа преимпресионирани. Јас можам да кажам дека мечот го загубивме во средината на теренот и после тој рано примен гол. Ова беше едно лошо издание за Академија Пандев и убеден сум дека вака вторпат не може лошо да одиграме. Искуството и нашата физичка подготовка не е на нивото во овој момент за да одговори на екипа како Зрињски, а да бидеме искрени Зрињски е подобар од нас во моментов – рече Тренчовски на прес конференцијата по натпреварот.

За разлика од Тренчовски, неговиот ривал, тренерот на Зрињски, Хари Вукас е задоволен од победата и прикажаната игра.

– Среќен сум што дебитирав со ваква победа на клупата на Зрињски. Можеби изгледаше ова лесна победа за нас, но мора да нагласам дека ниту најмалку не беше едноставно. Многу ни помогна раното водство, а потоа беше се полесно. Но, убедливата победа не смее да не залаже и на реваншот мора да одиграме исто вака максимално ангажирано – изјави Вукас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот