Тренчовски: Најважно е да не се прими гол

фото: Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев утревечер (19 ч.) ќе го има деби настапот во европските купови, против екипата на Зрињски во квалфикациите за Лигата на Европа. Иако се дебитанти, „пандевци“ не планираат да „собираат“ искуство. Целта, според тренерот Југослав Тренчовски е да не се прими гол на првиот натпревар.

– Ова е наше деби во Европа и сето тоа носи и предизвици, но и недостатоци. Можеби хендикеп е неискуството, особено што имаме млад тим, а само тројца имаат искуство од вакви настапи, но од друга страна можеби е предизвик плус што овој тим со срце и карактер ќе има шанса да се покаже во најдобро светло. Желбата е на наша страна, да се претставиме во најдобро светло и на најдобар начин да го претставиме македонскиот фудбал. Не краси тимска игра и секој резултат во кој нема да примиме гол ќе бидеме задоволни. Секој резултат со даден гол, а без примен би бил фантастичен резултат. Зрињски е фаворит, ама има непишано правило дека фаворитите на хартија не секогаш победуваат. Тие играат во формација 4-3-2-1, доста се цврсти во одбраната и многу внимание посветуваат на таа одбрана. Тоа е тим што малку прима голови, а и малку даваат. Така играа во босанското првенство – вели Тренчовски.

Фудбалерите се подготвени за утрешниот предизвик.
– Имаме противник по мерка, но знаеме дека нѐ очекува цврст и тежок меч. Искуството е на нивна страна, фаворити се, но ние ако ги исполниме сите задачи од стручниот штаб можеме да стигнеме до поволен резултат. Наша цел е што подолго да опстанеме во овие квалификации и сакаме да го претставиме македонскиот фудбал на најдобар начин – рече дефанзивецот Диме Димов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот