Тренчевска: Измената на Законот за работни односи за недела неработен ден се уште не е завршена

Министерството за труд и социјална политика

Измената на законот за работни односи се уште е во тек, па поради тоа не можам да кажам што точно се регулира со членот од законот за работни односи, според кои недела ќе се смета за неработен ден, изјави денеска директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска.

Таа потенцира дека на измената работат Министерството за труд и социјална политика во координација со социјалните партнери.

-Во однос на измените на законот за работни односи, за регулирање на недела како неработен ден сакам да истакнам дека измената е во тек, се уште не е конечен предлогот и затоа не можам да кажам што ќе регулира тој член од Законот за работни односи, а во самиот предлог ќе биде даден начинот на кој Државниот инспекторат за труд ќе ги врши контролите за почитување на оваа одредба од законот, изјави директорката на државниот инспекторат.

Тренчевска информира дека досегашните извештаи со кои располага Државниот инспекторат за труд покажале дека во најголем дел се почитува исплатата за додаток за време на празник и додаток за прекувремена работа, односно дека мал е бројот на работодавачи кои не го почитуваат оваа право на работниците.

Додаде дека досега контролите се вршеле со увид во исплатите на работниците кои работат за време на државен празник или прекувремено, така што од исплатните листи можело да се види дали е иплатен додатокот за работа за празник или прекувремена работа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот