Трамп

Трамп: „Имаме најмоќно оружје во светот, Џинпинг е паметен, нема да дозволи ескалација“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека земјата „го има најмоќното оружје на светот“, поради што, како што оцени, кинескиот претседател Си Џинпинг нема да дозволи ескалација на трговската војна меѓу двете земји.

Трамп рече дека „не е загрижен“ за понатамошната ескалација на економскиот конфликт со Кина, нарекувајќи го кинескиот претседател Си Џинпинг „еден од (малкуте) многу паметни луѓе во светот“, пишува Newsweek.

– Мислам дека не би дозволил тоа да се случи. САД се многу помоќни отколку што мислат луѓето. Имаме оружје кое никој не знае што е и тоа е најмоќното оружје на светот – рече Трамп.

Кина најави дека ќе воведе царини од 84 отсто за сите производи од САД, со што дополнително ќе ја зголеми претходно објавената царина од 34 отсто, а исто така поднесе нова жалба до Светската трговска организација (СТО).

Тоа беше одлучено како одговор на претходната мерка на администрацијата на Трамп, која воведе царини од 125 отсто за кинески стоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот