Доналд Трамп / Фото: ANDREW CABALLERO-REYNOLDS / AFP / Profimedia

Трамп за Гренланд: Ќе го преземеме, нивната одбрана се потпира на две санки со кучиња

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека САД ќе го окупираат Гренланд „на еден или друг начин“ бидејќи „ако ние не го сториме тоа, ќе го сторат тоа Русија или Кина“, пренесува Франс24.

„Склучувањето договор е лесниот дел, но на еден или друг начин ќе го добиеме Гренланд“, рече американскиот претседател од „Ер Форс Уан“.

Американскиот претседател појасни дека Вашингтон не зборува за краткорочен „закуп“ на Гренланд, туку само за стекнување на оваа данска територија. „Ни треба имотен лист“, рече тој.

„Гренланд треба да го склучи договорот, бидејќи Гренланд не сака да види како Русија или Кина ја преземаат контролата“, тврдеше Доналд Трамп, исмевајќи ја одбраната на автономната данска територија.

„Всушност, нивната одбрана се базира на две санки со кучиња. Знаете ли тоа? Знаете ли каква е нивната одбрана? Две санки со кучиња“, рече тој.

„Во меѓувреме, гледаме руски разорувачи и подморници, и кинески разорувачи и подморници насекаде“, додаде Доналд Трамп.

„Нема да дозволиме ова да се случи, а ако тоа влијае на НАТО, нека биде така. Но, знаете, тие имаат потреба од нас повеќе отколку што ни се потребни тие, ви го кажувам тоа со сигурност“, коментираше тој.

Данска, која е сопственик на Гренланд, е членка на НАТО како и САД, а данската премиерка Мете Фредериксен минатата недела изјави дека нападот на САД врз која било членка на Алијансата би значел „крај на сè“, вклучувајќи го и НАТО и безбедносниот систем создаден на крајот од Втората светска војна.

Трамп: Америка мора да го земе Гренланд за да не го „соберат“ Русија и Кина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот