Трамп: Америка мора да го земе Гренланд за да не го „соберат“ Русија и Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“.
Препорачано
-Државите мора да има кој да ги поседува и тоа се брани. Не се бранат „изнајмувања“. И ќе мора да го браниме Гренланд. Ќе го направиме тоа на лесниот или на тешкиот начин, изјави тој за Би-Би-Си.
Белата Куќа неодамна потврди дека администрацијата размислува да ја купи полуавтономната територија на НАТО-членката Данска, но не ја исклучува опцијата да ја анјектира со сила.
Данска и Гренланд се противат, велат дека нивната територија не е на продажба. Официјални лица од Данска изјавија дека воена интервенција би значела крај на НАТО.
Гренланд и покрај тоа што е ретко населена територија, е лоцирана меѓу Северна Америка и Арктикот што ја прави добро позиционирана за рани предупредувачки системи во случај на ракетни напади и за мониторирање во регионот.
Трамп многу пати изјави дека Гренланд е витален за националната безбедност на САД тврдејќи дека е „покриена со руски и кинески бродови насекаде“.
Во базата „Питуфик“ на Гренланд, САД има повеќе од 100 војници трајно стационирани, во објект кој САД го има уште од Втората Светска Војна. Според тековните договори што САД ги има со Данска, Америка може да донесе колку што сака трупи на Гренланд.
Трамп зборувајќи со новинари во Вашингтон, рече дека договор за изнајмување не е доволно добар.
-Државите не може да прават договори на 9 години ни на 100 години. Мора да има сопственик. Ги сакам луѓето во Кина. Ги сакам луѓето во Русија. Но не ги сакам како соседи во Гренланд. Нема да се случи тоа. И НАТО мора да го сфати тоа, рече тој.


