Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS/ POOL

Трамп за апсењето на поранешниот принц Ендру: „Штета“

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот реагираше на апсењето на Британецот Ендру Маунтбатен-Виндзор, поранешно познат како принц Ендру, оценувајќи ја ситуацијата како „многу тажна“, објави „Хил“.

– Мислам дека е штета. Мислам дека е многу тажно. Мислам дека е многу лошо за кралското семејство – изјави Трамп за новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ на пат кон Џорџија.

Претседателот потоа го пофали кралот Чарлс Трети, кој му е брат на Маунтбатен-Виндзор, нарекувајќи го „фантастичен“ и додавајќи дека британскиот монарх наскоро ќе ги посети САД.

Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин

Маунтбатен-Виндзор бил уапсен во четвртокот наутро во Сандрингем Хаус, историски имот во англиската провинција кој му припаѓа на кралското семејство.

Полицијата го уапси братот на кралот Чарлс Трети под сомнение за злоупотреба на службена положба и спроведе претреси на повеќе адреси во Норфолк и во Беркшир.

Објавените документи од американското Министерство за правда, поврзани со досиејата за Џефри Епстин, укажуваат дека Ендру Маунтбатен-Виндзор разменувал доверливи информации со Епстин во периодот кога бил специјален претставник на Обединетото Кралство за трговија и инвестиции.

Кралот Чарлс за апсењето на Ендру: Полицијата има наша целосна поддршка, оставете го законот да си го направи своето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот