Кралот Чарлс за апсењето на Ендру: Полицијата има наша целосна поддршка, оставете го законот да си го направи своето
Кралот Чарлс, неколку часа по случувањата поврзани со Ендру, изјави дека „законот мора да оди по својот тек“, изразувајќи ја „длабоката загриженост“ за апсењето на неговиот помлад брат, кој е под истрага поради сомневања за несоодветно однесување на јавна функција, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Во писмена изјава (која ја потпишаа и Вилијам и Кејт), Чарлс, кој наводно не бил однапред информиран од полицијата за апсењето на Ендру, рече:
„Со длабока загриженост ја дознав веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањата за несоодветно однесување на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес, со кој предметот ќе биде истражен на соодветен начин и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков во минатото, тие ја имаат нашата целосна и сесрдна поддршка и соработка.
Дозволете ми јасно да го кажам ова: законот мора да си оди по својот тек.
Како што продолжува овој процес, не би било соодветно да давам дополнителни коментари за ова прашање. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме со нашата должност и служба на сите вас.“
Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин


