Трамп со потсмев за оскаровецот „Паразит”: Имаме доволно проблеми со Јужна Кореја, a тие им даваат награда за најдобар филм (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се потсмеваше на оскаровецот Паразит при што на митинг во Колорадо вчера нагласи дека би сакал да се вратат класичните остварувања како што е „Однесени од виорот”.

Трамп имитираше водител на церемонијата на наградите Оскар и праша – што по ѓаволите е сето ова?!

– Имаме доволно проблеми со Јужна Кореја, со трговијата. И на крајот на краиштата, тие им даваат награда за најдобар филм, коментираше тој.

Американскиот претседател исто така зборуваше негативно за Бред Пит, кој беше почестен со Оскар за најдобра споредна улога.

При добивањето на својата награда, Бред Пит рече дека има повеќе време да се произнесе – 45 секунди, отколку што имаше поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, за време на процесот за импичмент во Сенатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот