Џани Инфантино и Доналд Трамп на самитот во Шарм ел-Шеик/Фото: EPA/YOAN VALAT / POOL

Трамп смислил нова лудост, навивачи на СП ќе треба да плаќаат депозит од 15.000 долари?

Со приближувањето на Светско првенство во фудбал, сè погласни стануваат и контроверзните потези на американската администрација, предводена од Доналд Трамп, кои предизвикуваат бурни реакции во спортската јавност.

Најновата идеја што циркулира во Вашингтон веќе наиде на остри критики кај љубителите на фудбалот ширум светот. Според најавите, навивачите од пет африкански земји: Алжир, Сенегал, Зеленортски Острови, Брегот на Слоновата Коска и Тунис би можеле да се соочат со сериозна финансиска бариера доколку сакаат во живо да ги бодрат своите репрезентации.

Имено, се разгледува можноста за воведување депозит од дури 15.000 долари, кој овие фанови би требало да го уплатат како гаранција за влез во САД за време на турнирот. Образложението на властите е дека ваквиот чекор би служел како превенција од евентуално нелегално останување во земјата по завршувањето на првенството.

Иако мерката сè уште не е официјално донесена, самата најава веќе отвори дебата за дискриминација и селективен пристап, што дополнително го подгрева незадоволството меѓу навивачите и спортската јавност.

Ќе потсетиме, Мундијалот во САД, Канада и Мексико почнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот