Трамп: САД секогаш мора да стојат покрај Израел и јасно да кажат дека Палестинците мора да стават крај на насилството, теророт и ракетните напади

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини сегашниот шеф на државата Џо Бајден дека е виновен за ескалација на насилството меѓу Израел и Хамас.

„Под владеењето на Бајден, светот станува се понасилен и нестабилен, бидејќи неговата слабост и недостиг на поддршка за Израел доведува до нови напади врз нашите сојузници”, наведе Трамп во соопштение.

Тој оцени дека САД секогаш мора да стојат покрај Израел и јасно да кажат дека Палестинците мора да стават крај на насилството, теророт и ракетните напади.

„Кога бев во Белата куќа, бевме познати како претседателство што се залага за мир, бидејќи израелските противници знаеја дека САД стојат цврсто со Израел и дека ќе има брза одмазда ако Израел биде нападнат”, вели Трамп.

Гардијан: Конфликтот меѓу Израел и Палестина ја фати администрацијата на Бајден неподготвена

Тој посочи дека Соединетите држави мора јасно да кажат дека секогаш силно ќе го поддржуваат правото на Израел да се брани.

„Неверојатно, демократите и понатаму стојат покрај лудиот антиамерикански претставник во Сенатот, Илхан Омар и другите кои дивјачки го напаѓаат Израел додека се наоѓаат под терористички напади”, оцени поранешниот претседател на САД. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот